11 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Православните верници на 11 ноември ја одбележуваат Преподобната маченичка Анастасија Римјанка. Според црковното предание, таа пострадала за христијанската вера во времето на римскиот цар Декиј.
Анастасија останала сираче на тригодишна возраст и била воспитувана во женски манастир во близина на Рим. Игуманијата Софија ја поучувала во верата, а како млада жена таа станала позната меѓу христијаните по својот подвижнички живот.
Кога римскиот управник Проб наредил да ја доведат пред него, Анастасија јавно ја исповедала верата во Исус Христос. Не помогнале ни ветувањата ни заканите, па била мачена и на крајот убиена со меч надвор од градот.
Преданието раскажува дека христијанинот Кирил ѝ дал вода за време на мачењето, по што бил убиен. Игуманијата Софија подоцна го пронашла телото на Анастасија и чесно го погребала.
Министрите за надворешни работи на Г7 разговараат во Париз за поддршка на Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

