09 ноември 2026
• од Гоце Кически
Европската Унија ќе го забрза формирањето центар за поморска безбедност во Црното Море и ќе одвои 50 милиони евра за неговата работа. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја објави мерката при посетата на Букурешт, каде што разговараше со романскиот претседател Никушор Дан за растечките безбедносни закани во регионот.
Фон дер Лајен најави и дополнителни 10 милиони евра за романските власти за операции за пребарување и спасување. Таа изрази солидарност со Романија по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во близина на нејзиниот брег, во кои загинале морнари, а други се водат како исчезнати.
Европската комисија ќе ја засили и поморската набљудувачка поддршка, вклучително и со сателитски снимки од програмата „Коперник“. Фон дер Лајен предупреди и на злонамерни кампањи за ширење дезинформации, кои, според неа, ја загрозуваат безбедноста и демократијата.
Романија треба да добие повеќе од 16 милијарди евра преку европската програма за заеднички набавки во одбраната. Фон дер Лајен ја повика земјата да искористи и дел од новиот повик, во рамки на кој на земјите членки им се достапни над 21 милијарда евра. Таа повика и на враќање и зачувување на слободата на пловидба во Црното Море, важна за европската трговија и глобалното снабдување со храна. Европската комисија соопшти дека Романија на 1 јануари ќе одбележи 20 години од членството во ЕУ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

