09 ноември 2026
• од Гоце Кически
Европската комисија предупредува дека сместувањето на Агенцијата за национална безбедност во истите простории со Министерството за внатрешни работи може да ја загрози нејзината целосна оперативна независност. Во извештајот за Северна Македонија за 2026 година се посочуваат и слабости во парламентарниот и граѓанскиот надзор врз безбедносниот сектор и прислушувањето.
Според извештајот, не постои уреден начин за координација на состаноците меѓу парламентарните тела што ја надгледуваат АНБ, Агенцијата за разузнавање и спроведувањето на мерките за следење на комуникациите. Механизмот за граѓанска контрола при Народниот правобранител, пак, треба да добие соодветни средства, простор и опрема за независно и ефикасно работење.
Советот за граѓански надзор, предвиден со законот за следење на комуникациите, останува нефункционален од донесувањето на законот во 2018 година, бидејќи не е целосно пополнет.
Извештајот предупредува и дека АНБ и Оперативно-техничката агенција треба да имаат соодветни ресурси и услови за независно работење. ОТА е сместена во простории на национален телекомуникациски оператор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

