TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Величковски: Што ќе попушти прво – кредитниот рејтинг или денарот?

05 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Лидерот на „Нова Република“, Ивон Величковски, преку објава на својот Фејсбук профил предупредува дека македонската економија влегува во 2026 година со сериозни ризици, кои директно го загрозуваат и кредитниот рејтинг на државата и стабилноста на денарот.

Величковски потсетува дека уште при утврдувањето на кредитниот рејтинг за 2025 година биле лоцирани зголемени ризици, како што се нискиот раст на БДП во првите три квартали, упорниот буџетски дефицит, растечките сегменти на јавниот сектор и дополнителното трошење за поддршка на економскиот раст. Според него, истите овие оценки може да се очекуваат и за 2026 година.

Тој ја критикува и владината статистика дека Македонија е „четврта европска економија по раст“, посочувајќи дека ваквиот оптимизам е илузорен.

„Четири проценти раст од вредност 100 се четири, но четири проценти од вредност 10 се само 0,4“, пишува Величковски, укажувајќи дека растот е слаб во апсолутна вредност и не создава суштинска економска сила.

Според него, економијата веќе почнала да се стеснува со заминувањето на дел од производителите од слободните економски зони, без тие да бидат заменети со нови. Инвестициите во одбранбената индустрија, како што наведува, сè уште се само во најава, додека рестартирањето на ФЕНИ е далеку, особено во услови на неповолни циклусни берзански цени.

Величковски оценува дека инвестициите во енергетиката се далеку од доволни за да се обезбеди електрична енергија како евтин производен инпут. Со оглед на тоа што струјата има значајно учество во вкупната цена на домашниот производ, ова директно ја намалува неговата конкурентност.

Во објавата тој остро го критикува и концептот на минимална плата, кој, според него, вештачки се одржува во соцреалистички рамки. Наместо воведување плата по работен час и дејност, како и вистинско воведување бруто-плата, владите, вели тој, избегнуваат реална реформа на пензискиот и здравствениот фонд.

„Концептот на политика, економија, здравство и пензии како до 1990 година е неприменлив во 2026“, потенцира Величковски.

Посебно внимание посветува и на состојбите во земјоделството, каде што, според него, партиско-корупциското субвенционирање го запрело ИПАРД, а растот на трговскиот дефицит при увозот на храна и зголемувањето на необработените површини се директен производ на клепто-бирократијата што, како што наведува, делува во континуитет од 2006 година до денес.

Тој наведува дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за субвенционирање по насадена површина, наместо по произведена количина, се покажал како коруптивно-деструктивен, при што субвенциите во земјоделството практично станале зависни од европските фондови.

Во однос на задолжувањето, Величковски оценува дека ефектот од т.н. „унгарски кредит“, кој го опишува како кредит со „кинески мирис“, е речиси незабележителен, бидејќи средствата очигледно се потрошени. Иако пензиите се зголемени, како што наведува, нема видливи ефекти во локалните самоуправи ниту во пласманот кон фирмите. „Британското зајмување“, односно гаранциите за идните задолжувања, допрва чекаат конкретни проекти.

Во економија што се стеснува во интерес на администрацијата и корупцијата, очекувањето ново задолжување да го врати старото, според Величковски, е рецепт за одвраќање на странските инвеститори од државните обврзници.

Тој предупредува дека намалената додадена вредност на домашниот производ создава постојан притисок врз курсот на денарот, кој сè повеќе изгледа преценет. Таквиот курс, додава, го поскапува извозот и дополнително ја намалува конкурентноста на македонските производи.

„Сето ова особено ги обесхрабрува малите и средните, пред сè извозните претпријатија. Доцнењето на повратот на ДДВ за нив е ударот што го затвора лошиот круг“, наведува Величковски.

Дополнително, честите изборни циклуси во 2024 и 2025 година, како и очекуваните избори во 2026, според него, секоја година ја успоруваат економијата по неколку месеци.

Сумирајќи, Величковски оценува дека и кредитниот рејтинг и курсот на денарот ќе бидат под силен притисок, при што оценувањето на кредитниот рејтинг со „BB-“ во 2026 година би било политички дарежливо, но не и сигурно.

„Без тешки, но неопходни одлуки и решенија, 2026 година нема да ги подобри ниту економските, ниту демографските перформанси на државата“, порачува Величковски на крајот од својата објава.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
ДРУГО
06 јануари 2026

На денешен ден пред 178 години е роден бугарскиот револуционер и поет Христо Ботев

СВЕТ
06 јануари 2026

Сѐ повеќе граѓани во Бугарија плаќаат со евро

СВЕТ
06 јануари 2026

Доналд Туск: Европа мора да се обедини за да биде силна

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Нова Република: Милиони долари од режимот на Мадуро минувале низ македонскиот банкарски систем

СВЕТ
06 јануари 2026

Гренландскиот лидер му порача на Трамп: Доста е – крај на фантазиите за анексија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 јануари 2026

Бугарија започна со примена на нов граничен систем на премините со С. Македонија

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Бранко Тричковски: Венецуела слави крај на еден режим, Македонија сè уште чека

СВЕТ
06 јануари 2026

Бугарија со рекордни продажби на нови автомобили во 2025 година

СВЕТ
06 јануари 2026

Не сум виновен: Мадуро се изјасни во судот во Њујорк

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Државата ги враќа пензионерите на пазарот на труд, младите ги турка кон иселување

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 јануари 2026

Мадуро пред федерален суд во Њујорк: „Киднапиран сум и сè уште сум претседател на Венецуела“

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Алиу: Во сите здравствени институции има недостиг од персонал

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Нов протест на печалбарите во Куманово: „Од кого да бараме докази во Авганистан?“

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Управител на одморалиште во МВР осомничен за злоупотреба: Вработена примала плата иако била во странство

МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Отец Јаков: Бадниковите гранчиња се исклучиво српски обичај, без основа во православното Предание

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 јануари 2026

Денеска е Бадник – ден на духовна подготовка и очекување на Христовото раѓање

МАКЕДОНИЈА
05 јануари 2026

Амбасадата на Бугарија во Скопје во жалост по смртта на легендарниот Димитар Пенев

МАКЕДОНИЈА
05 јануари 2026

Државата му наплати данок на професорот Калајџиев за патни трошоци иако ја претставувал бесплатно

КОЛУМНИ
05 јануари 2026

Новинарот Николов: „Вековниот македонски идентитет“ е политички балон, а не историски факт

МАКЕДОНИЈА
05 јануари 2026

СДСМ: Орбан и Вучиќ се лицето на политиките што Мицкоски ги застапува

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
05 јануари 2026

Бившиот бугарски министер: Со еврото следува двоцифрен раст на платите и ниска инфлација

МАКЕДОНИЈА
05 јануари 2026

Претседателот на „Фондација Македонија“ со порака до Мицкоски: Македонски јазик нема!

СПОРТ
05 јануари 2026

Бугарија се прости од фудбалската легенда Димитар Пенев

СВЕТ
05 јануари 2026

Софија ги отфрли обвинувањата од Скопје за Планот за правата на заедниците

МАКЕДОНИЈА
05 јануари 2026

Ахмети: Непоколебливата поддршка кон САД е исправен и стратешки избор

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
05 јануари 2026

СДСМ: Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акцијата на САД

СВЕТ
05 јануари 2026

Трамп: Разочаран сум од Путин

СВЕТ
05 јануари 2026

Голем дел од обезбедувањето на Мадуро убиенo во американска операција

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега