16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицијата од кумановскиот регион вчера привела едно лице кое се сомничи дека предизвикало пожар на туѓ имот во селото Челопек, пренесува ТВ21.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), станува збор за лице со иницијали Д.П. од селото Алгуња, општина Старо Нагоричане.
„На 15.03.2026 година во 12:55 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Д.П. од селото Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и земјоделски отпад, при што предизвикал пожар на имот во сопственост на Г.С. (60) од Куманово, каде што изгореле и неколку дрвја“, информираат од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, а во настанот нема повредени лица.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

