16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицијата уапси 65-годишен маж од тетовско село, кој се сомничи дека извршил насилство врз својата ќерка и малолетниот внук.
Според информациите од полицијата, на 15 март 2026 година околу 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето Б.С. (65) од село во тетовскиот регион.
Како што соопшти полицијата, претходно било пријавено дека во неговиот дом физички ги нападнал својата ќерка и малолетниот внук.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

