07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Полициски службеници од СВР Скопје на 6 февруари 2026 година во 17:20 часот го лишиле од слобода А.В. (35) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела затајување и кражба.
Според информациите од полицијата, приведувањето е извршено по претходна пријава поднесена на 4 февруари 2026 година. Осомничениот, во периодот од 18 декември 2025 до 4 февруари 2026 година, додека бил вработен како менаџер во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, во повеќе наврати неовластено одземал пари од касата.
Со ваквите дејствија, А.В. на правниот субјект му нанел материјална штета во износ од 2.783.867 денари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 239 „затајување“ и член 235 „кражба“ од Кривичниот законик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

