13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во гостување во подкастот Коридор 8, новинарот и аналитичар Насер Селмани се осврна на прашањето за околу 230 илјади македонски граѓани кои во изминатите години земале бугарско државјанство, отворајќи дилема дали мотивите се исклучиво економски или станува збор за подлабок политички и институционален проблем.
Селмани посочи дека официјалната политика во земјата го објаснува овој феномен како резултат на економски причини – можност за работа и слободно движење во Европската Унија. Сепак, тој изрази сомнеж дека причините се сведуваат само на економијата.
„Објаснувањето на официјалната политика е дека тие државјанства се земени само заради економски причини. Јас не сум баш убеден дека тоа е само заради економски причини“, истакна Селмани.
Според него, проблемот е подлабок и е поврзан со карактерот на политичкиот и институционалниот систем во државата. Тој оцени дека естаблишментот е „силно недемократски“ и дека има изразена про-југословенска ориентација, нагласувајќи дека критиката не се однесува на граѓаните, туку на режимот и институциите.
Селмани потенцираше дека гласачкото однесување често се користи како аргумент за легитимноста на власта, но според него, граѓаните гласаат во рамки на понудените опции. „Ако има поинаква понуда, можеби поинаку ќе се однесуваат“, рече тој, алудирајќи дека политичкиот избор во земјата е ограничен.
Со отворањето на прашањето „што се тие 230 илјади“, Селмани имплицира дека станува збор за значаен број граѓани чија одлука има и политичка тежина. Според него, овој тренд ја усложнува позицијата на државата, особено во контекст на односите со Бугарија и европската интеграција.
Изјавата отвора поширока дебата за тоа дали земањето бугарско државјанство е само прагматичен чекор за подобар економски статус или индикатор за недоверба во институциите и политичкиот систем во Северна Македонија.
Филипче: Мицкоски е чувар на столчето за враќање на вистинскиот шеф – Груевски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

