08 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во ВМРО-ДПМНЕ не постојат вистински реформи, а партијата целосно е ставена под контрола на еден човек, обвинија од СДСМ во денешното соопштение за јавност. Според нив, Христијан Мицкоски ја презел партијата за лично владеење, елиминирајќи ги сите што не се вклопуваат во неговиот авторитарен модел.
Од СДСМ посочуваат дека сите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ се отстранети од партиското раководство – Муцунски, Николовски, Мисајловски и Кочовска – што, како што велат, е јасен показател дека Мицкоски не толерира ниту соработка ниту внатрепартиска демократија.
„Во ВМРО секогаш сè се врти околу еден човек. Порано тоа беше Никола Груевски, денес е Мицкоски. Истата матрица се пренесува од колено на колено“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека по бегството на Груевски, целата партија била практично предадена во рацете на Мицкоски, а слично сценарио, според СДСМ, може да се повтори и во иднина.
„Кога Обвинителството ќе биде слободно и ќе ги отвори случаите за тендерите, за криминалот и за, којзнае, колку тони дрога, тогаш ќе видиме како Мицкоски ќе почне да бега. А потоа некој од оние што денес се борат за лидерската позиција ќе го наследи“, се вели во реакцијата.
СДСМ нагласува дека токму затоа се бори за враќање на власта во рацете на граѓаните, а не во рацете на поединци.
„Нам не ни треба лидер, нам ни треба систем. Не ни треба авторитаризам, ни треба Европа“, порачуваат од партијата, додавајќи дека нивната цел е демократска држава со силни институции и европски вредности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

