05 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Политичката мрежа во која се движи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сè почесто се доведува во врска со имиња и режими кои во меѓународната јавност се поврзуваат со сериозни обвинувања за криминал, корупција и подривање на демократските процеси. Орбан, Вучиќ, па дури и венецуелскиот лидер Мадуро, се дел од кругот политичари со кои неговите блиски соработници од регионот отворено одржуваат односи.
Пред неодамнешните активности на Соединетите Американски Држави, прашањето кое се наметнува е: кои беа единствените европски политичари и држави што отворено го поддржуваа и развиваа соработка со режимот на Николас Мадуро? Одговорот е јасен – тоа беа блиските сојузници на Мицкоски: унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Само пред неколку месеци, Вучиќ најавуваше интензивирање на соработката со Мадуро, додека Унгарија, под водство на Орбан, важеше за еден од неговите европски поддржувачи. Овие релации не се изолирани случаи, туку дел од поширока политичка и идеолошка матрица.
Граѓаните одамна ја препознаваат блискоста меѓу ВМРО-ДПМНЕ и српската СНС. Политиките, реториката и методите се речиси идентични, а Мицкоски, како што често се посочува, го следи сценариото на својот „стрико“ Вучиќ. Дополнително, СДСМ преку скандалот со Алта банка отвори и сериозни прашања за можни бизнис-релации меѓу овие структури.
Во своето последно интервју, Мицкоски отворено зборува за „блискиот пријател Виктор Орбан“, иако токму Орбан е под силен притисок од Европската унија поради обвинувања за корупција и сомнителен имот кој се води на име на неговиот татко.
Што е заедничко за сите овие десничарски лидери и „големи пријатели“? Заедничко им е тоа што околу нив се отвораат сериозни афери за криминал, корупција и злоупотреба на институциите.
Во таа насока, Соединетите Американски Држави усвоија Закон за Западен Балкан, потпишан од претседателот Доналд Трамп, со јасен фокус на борбата против криминалот и корупцијата во регионот. Законот предвидува воведување санкции за секое странско лице за кое ќе се утврди дека е вклучено или се обидело да се вклучи во коруптивни активности поврзани со Западен Балкан, во рок од 90 дена од неговото стапување во сила.
Дополнително, санкции се предвидени и за политики и поединци кои ги подриваат демократските процеси и институции, како и за тешки прекршувања на човековите права.
По сите овие случувања и по судбината на „големите пријатели“, логично се наметнува прашањето: дали Христијан Мицкоски спие мирно?
Центар за комуникации со јавноста, СДСМ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

