05 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Христијан Мицкоски повторно ја демонстрира својата политичка недоследност и конфузија. Од една страна, тој вели дека ги поддржува Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер и дека Владата ја поддржува акцијата на САД во Венецуела. Од друга страна, истовремено тврди дека истата таа акција е спротивна на меѓународното право.
„Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали, туку кога ќе се удри од вашиот грб“, изјави денеска Христијан Мицкоски.
Со вакви изјави, Мицкоски практично тврди дека ниту Европската Унија, ниту САД не се грижат за меѓународното право. Апсурдно е што токму тој, кој лично го блокираше европскиот пат на Македонија, сега се повикува на принципи и вредности. Со тоа уште еднаш го потврдува она што СДСМ континуирано го укажува – Мицкоски е целосно разоткриен.
Фактите се јасни: Мицкоски истовремено ја поддржува, ама и не ја поддржува акцијата на САД. Прашањето е зошто?
Дали причината е стравот дека еден ден може да го снајде истата судбина како венецуелскиот лидер Николас Мадуро, соочен со одговорност пред меѓународната заедница?
Дополнително, денеска неговиот политички ментор од Белград, Александар Вучиќ, преку своите медиуми го нападна Доналд Трамп и по седницата на Советот за безбедност најави дека Србија двојно ќе ги зголеми своите воени капацитети. Очигледно е дека и таму постои страв – страв од одговорност и од можни санкции.
САД веќе подготвуваат посебен Закон за Западен Балкан, со јасен фокус на борбата против криминалот и корупцијата. Тоа е силен сигнал дека времето на неказнивост завршува.
Нема бегање. Сите ќе одговараат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

