07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ јавно ги поставува клучните прашања по поминатата цела недела од објавувањето на сериозниот картелски скандал – заплената на околу 5 тони дрога со потекло од Македонија, откриена во соседна Србија.
И покрај сериозноста на случајот, сè уште нема одговор од надлежните институции: како 5 тони дрога успеале да ја поминат македонската граница?
СДСМ прашува и кој ќе понесе одговорност и кој од врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога. Според партијата, ваков обем на шверц е невозможен без поддршка или најмалку свесно занемарување од институции како Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни органи.
„Без поддршка од власта, без вмешаност на структури во МВР, Царина и други институции, не може да се шверцуваат 5 тони дрога“, посочуваат од СДСМ.
Партијата укажува и на, како што велат, очигледната поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, додавајќи дека молкот од власта е најсилната потврда дека нешто се прикрива.
СДСМ оценува дека власта дополнително се заплеткала со медиумската кампања за заплени на канабис. Ако навистина биле запленети околу 40 тони нелегално произведена марихуана, тогаш се поставува прашањето: што правела власта изминатите две години?
„Кој го дозволил тоа и кои институции потфрлиле – МВР, здравствените власти, институциите за земјоделство или сите заедно?“, прашува СДСМ.
Од партијата потсетуваат дека постои јасно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис, за која се надлежни повеќе институции. Доколку се утврди дека 40 тони марихуана биле произведени незаконски, според СДСМ, владата мора да одговори кој од врвот на власта ќе понесе одговорност.
СДСМ порачува дека јавноста очекува конкретни одговори и одговорност, а не молк и медиумски маневри, бидејќи скандал од вакви размери не смее да остане нерасчистен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

