09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицијата вчера вечерта уапси 65-годишен жител на Свети Николе кој, под дејство на алкохол, ги нападнал своите двајца синови и им се заканувал со нож во семејниот дом.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 7 февруари 2026 година околу 21:30 часот, кога осомничениот со остар предмет упатувал закани кон своите синови, а притоа физички го нападнал и едниот од нив. По пријава на настанот, полициски службеници од ОВР Свети Николе интервенирале и во 22:45 часот го лишиле од слобода.
При приведувањето било утврдено дека мажот бил во алкохолизирана состојба, при што му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

