07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Сточарите од штипскиот регион повторно се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици, откако синоќа беше пријавена нова кражба на добиток. Од бачилото на сточарот Ибраим Хусеини во селото Лакавица, непознати сторители украле пет овци и три јагниња.
Хусеини, кој одгледува стадо од над 200 овци, изразува сомнеж дека кражбата била однапред испланирана. Тој посочува дека во текот на вчерашниот ден низ селото било забележано сомнително движење на непознат автомобил, што дополнително ја зајакнува неговата претпоставка дека сторителите претходно го набљудувале теренот.
Според него, овој случај не е изолиран инцидент, туку дел од поширок и загрижувачки тренд кој сериозно ги погодува сточарите во регионот.
„Чувам околу 220 овци, но синоќа останав без осум грла. Бараме итно решение и поголема заштита за сточарите. Минатата година во Штипско беа украдени околу 100 овци, а еве сега крадците стигнаа и кај мене“, изјави Хусеини за 4news.mk.
Сточарите апелираат до надлежните институции за зголемено полициско присуство и конкретни мерки за спречување на кражбите, предупредувајќи дека ваквите инциденти директно го загрозуваат нивниот опстанок и егзистенција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

