27 октомври 2026
• од Стефан Николов
Љубчо Георгиевски ја критикуваше комеморацијата кај спомен-костурницата на Зебрњак, во близина на Куманово, посветена на Кумановската битка од 1912 година. Тој го опиша настанот како прослава на балканските поделби и српската окупација.
Георгиевски наведе дека празникот бил воспоставен за време на владата на Никола Груевски и оцени дека во земјата се менува начинот на кој се толкува македонската историја.
Во својата критика, тој ги нарече дел од луѓето „југословенски и отворени србомани“ и ги обвини дека денес се претставуваат како македонски патриоти. Наспроти нив, според него, борците за независна Македонија се означуваат како предавници. Георгиевски оцени дека денес со македонската историја владее „комплетен историски кретенизам“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

