24 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, оцени дека целиот процес поврзан со доаѓањето и приведувањето на Артан Груби претставува договор меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, Фрчкоски истакна дека денешното приведување на Груби повеќе наликувало на организиран пречек отколку на полициска акција. Соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ беше пренесено интегрално од МИА.
Фрчкоски потсети дека Груби ја напуштил државата како „секој турист што заминува“, при што, според него, камерите на граничниот премин тогаш не работеле, а одговорноста била насочена кон службеник од царината.
Тој оцени дека враќањето и приведувањето било медиумски проследено со, како што рече, „фанфари како на свадба“, со видеа и присуство на медиуми блиски до власта уште во раните утрински часови.
„Ништо не наликуваше на приведување. Имаше видео во 6 часот наутро со камери и не мислам дека некој станал толку рано да снима природа на Блаце“, изјави Фрчкоски во дебатата.
Според Фрчкоски, целиот случај е дел од, како што ја нарече, „внимателно конструирана реторика“ на власта со цел да се дефокусира јавноста од други актуелни прашања. Тој ги посочи непокачувањето на минималната плата, скандалот со запленети пет тони марихуана за кој, како што рече, сè уште нема разрешница, како и низа тендери и наводни криминали за кои СДСМ објавувал информации.
Фрчкоски смета дека во наредниот период случајот со Груби ќе биде користен како „камуфлажа“ за прикривање на теми од кои, според него, власта се обидува да избега.
Соопштението е објавено од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

