19 јули 2026
• од Темелко Тошев
По бурните реакции на јавноста и жестоките критики на социјалните мрежи, контроверзниот билборд за добредојде во главниот град денеска е експресно отстранет. Паното, кое во петокот вечерта беше монтирано од страна на градската управа, издржа само еден викенд пред да биде симнато далеку од очите на јавноста.
Отстранувањето од страна на Градот помина „ќутенката“. Овој пат целосно изостанаа бомбастичните најави и фалби лично од градоначалникот Георгиевски, кој многу љуби своите активности да ги промовира со фразата дека „испишуваме историја“.
Наместо градските власти, овој пат граѓаните беа тие што објавуваа и информираа за развојот на настаните. Градот избра да молчи, бидејќи во спротивно ќе мораше јавно да објасни кој го направи и одобри овој „циркус билборд“ за добредојде во Скопје.
Викендов социјалните мрежи беа преплавени со жестоки критики и потсмев на сметка на дизајнот на паното. Главните замерки на скопјани беа:
Иако граѓаните преку фотографии веќе потврдија дека билбордот е отстранет, од Град Скопје сè уште нема никакво официјално известување за овој дебакл.
Јавноста сè уште чека одговори на клучните прашања: Кој ја изработи спорната илустрација, колку чинеше овој промашен проект и под каков договор е реализиран? Додека одговорите се чекаат, останува впечатокот дека „историјата“ овој пат се испиша, но и се избриша – преку ноќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

