05 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја реафирмираше цврстата и долгорочна поддршка на партијата и на државата кон Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека таквата ориентација била и останува јасен и исправен избор. Во писмено соопштение, кое го пренесе МИА, Ахмети се осврна на последната акција на САД во Венецуела и поширокиот ангажман на Вашингтон во спротивставувањето на авторитарните режими.
Ахмети истакнува дека го поддржува лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп и улогата на САД во борбата против авторитаризмот, криминалните структури и организираниот криминал кои, како што наведува, претставуваат сериозна закана за слободата, демократијата и глобалната безбедност. Според него, цврстиот став на САД против нарко-лидерите и криминалните мрежи не е од значење само за американската национална безбедност, туку и за меѓународниот мир и стабилност.
Во пораката се нагласува дека народите имаат право да живеат слободно, во услови на демократски институции и владеење на правото, а не под страв и репресија. Ахмети потсетува дека историјата покажала оти кога Америка дејствува со решителност, слободата има предност и победува.
Тој посебно ја истакнува и историската поврзаност на земјата со САД, наведувајќи дека најдобро ја разбираат тежината и значењето на храбрите американски одлуки, бидејќи и сопствениот пат кон слободата е сведоштво за поддршката што ја добиле од Вашингтон. Во тој контекст, Ахмети потенцира дека трансатлантското партнерство е најсилно кога се темели на заеднички вредности и обединет став против тиранијата.
„Кога Америка стои силно, стоиме силни заедно“, порачува Ахмети, нагласувајќи ја определбата на ДУИ за продолжување и зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

