07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес Православната Црква го прославува споменот на Светата великомаченичка Екатерина – една од најпочитуваните светици, пример за мудрост, чистота и непоколеблива вера во Христа.
Според преданието, Екатерина била ќерка на царот Конста и по неговата смрт живеела со својата мајка во Александрија. Нејзината мајка, иако тајна христијанка, преку својот духовен отец ја упатила младата Екатерина кон Христовата вера. Во едно чудесно видение, сам Господ Исус Христос ѝ подарил прстен како знак на Небесна веридба – прстен кој, според традицијата, и денес се наоѓа на нејзината рака.
Света Екатерина била позната по својата исклучителна интелигенција. Таа блескала во познавањето на грчката философија, медицината, реториката и логиката, а покрај тоа била и необично убава. Кога царот Максенциј започнал да принесува жртви на идолите и да ги принудува сите да го следат неговиот пример, младата Екатерина смело излегла пред него и ја разобличила неговата заблуда.
Изненаден од нејзината мудрост, царот повикал педесетмина од најобразованите луѓе во царството за да ја посрамат преку расправа за верата. Меѓутоа, Екатерина ги надмудрила сите нив. Разјарениот Максенциј наредил мудраците да бидат изгорени живи. Но, по молитвите на светата маченичка, сите тие пред смртта го исповедале Христовото име и посведочиле дека станале христијани.
Во текот на нејзиното затворање, Света Екатерина успеала да го обрати кон верата војводата Порфириј со двесте негови војници, а кон христианството се приклонила и самата царица. Сите тие подоцна пострадале за Христа.
Кога мачителите се обиделе да ја растурат на тркало со ножеви, ангел Господов чудесно го искршил справот пред нив. Подоцна, на самата маченичка ѝ се јавил Христос и ја утешил. По долги мачења, Екатерина била усмртена со меч на само осумнаесет години, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело, според преданието, наместо крв потекло млеко – знак на нејзината духовна чистота.
Чудотворните мошти на Света Екатерина денес почиваат во манастирот Света Екатерина на Синај, едно од најстарите христијански светилишта во светот. Илјадници верници секоја година го посетуваат ова свето место, барајќи го нејзиното молитвено застапништво.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

