13 март 2026
• од Методи Петров
На 13 март 2026 година, православната црква го чествува споменот на Светиот свештеномаченик Протериј, храбар исповедник на верата и патријарх на Александрија, кој својот живот го положил за одбрана на православното учење.
Свети Протериј живеел во време на големи богословски и црковни превирања. Тој бил презвитер во Александрија во периодот кога со црквата управувал патријархот Диоскор, кој бил еден од главните поддржувачи на монофизитската ерес. Оваа ерес учела дека во личноста на Исус Христос постои само една природа, наместо двете – божествена и човечка, како што учи православната вера.
Во тоа време со Византиското Царство владееле царот Маркијан и царицата Пулхерија, кои силно го поддржувале православното учење. Протериј, како благочестив и ревносен свештеник, храбро се спротивставил на еретичките учења на Диоскор. Поради својата непоколеблива вера и одбрана на вистината, тој претрпел многу тешкотии и страдања.
За да се реши спорот во Црквата, бил свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон. На овој собор монофизитската ерес била осудена, а Диоскор бил симнат од патријаршискиот престол и испратен во прогонство. На негово место, како достоен и правоверен пастир, бил избран Протериј за патријарх на Александрија.
Како патријарх, Свети Протериј со голема ревност и љубов ја водел Црквата, грижејќи се за своето паство како вистински Христов следбеник. Но, и покрај одлуките на соборот, следбениците на Диоскор продолжиле да создаваат немири и поделби во градот.
Во еден од тие крвави немири, Протериј решил привремено да се повлече од Александрија. На патот, според преданието, му се јавил пророкот Исаија и му рекол:
„Врати се во градот, те чекам за да те земам.“
Сфаќајќи дека го очекува мачеништво, Протериј се вратил во градот и влегол во црквата. Кога еретиците слушнале дека патријархот се вратил, насилно упаднале во храмот, го фатиле и го избоделе со ножеви. Заедно со него биле убиени и уште шестмина христијани.
Така, во 457 година, Свети Протериј го примил маченичкиот венец, останувајќи запаметен како храбар пастир и непоколеблив бранител на православната вера. Неговото сведоштво и жртва и денес претставуваат пример за верност, храброст и љубов кон Христовата вистина.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

