ВРЕМЕ

Жешкиот бран ја зафати Европа – во Шпанија измерени 46°C

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Голем дел од Европа е погоден од екстремен топлотен бран, при што властите во бројни земји издадоа здравствени предупредувања поради опасно високите температури, јавува Би-Би-Си.

Најпогоден регион е јужна Шпанија, каде што температурите надминаа 40°C, а во градот Ел Гранадо беше измерен нов јуниски рекорд од 46°C.

Во делови од Португалија, Италија и Хрватска е прогласен црвен аларм поради екстремната жештина. Оранжев код е издаден во некои региони на Шпанија, Франција, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Словенија и Швајцарија.

Во Италија, расте бројот на случаи на топлотен удар, особено кај постари лица, онколошки пациенти и бездомници. Болниците воведоа посебни процедури за забрзано лекување на топлотен удар, вклучувајќи и терапија со потопување во ладна вода. Во Болоња се отворени седум климатизирани засолништа со достапна питка вода, додека во Рим се овозможува бесплатен влез во градските базени за лица постари од 70 години.

Силната жештина ги погоди и земјите од Западен Балкан, каде што температурите надминаа 40°C. Србија измери највисока температура откако започнала со мерења во 19 век, а во Словенија во саботата, 28 јуни, беше регистрирана највисока јуниска температура досега. Во Северна Македонија, термометрите достигнаа 42°C.

Синоптичарите предупредуваат дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, а температурите дополнително ќе се зголемуваат во Франција, Германија, Италија и Велика Британија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени