Временска прогноза за денес - 30-09-2024
Денес времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови ќе биде силен северoзападен ветер, со брзини на местата над 70 км/ч. Во Скопје, температурата ќе биде пријатна, со сончево време и мала локална облачност, како и засилен ветер од северен правец.