17 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Според најавите од УХМР, од вторник следува период на поизразено нестабилно време, проследено со облачност, дожд и засилен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла, особено во котлините.
Метеоролозите соопштуваат дека од вторник ќе преовладува променливо до претежно облачно време, на места со локални врнежи од дожд кои може да бидат пообилни и да надминат 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужните правци, а долж Повардарието ветерот ќе дојде од југоисток и на моменти ќе надмине брзина од 60 километри на час.
За утрешниот ден, одделни котлини ќе бидат под влијание на утринска магла. Во текот на денот времето ќе остане претежно облачно, а кон крајот на денот и во ноќните часови во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, додека максималната дневна ќе достигне до 19 степени.
Во Скопската котлина утре наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време, проследено со умерен до засилен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од минимални 3 до максимални 15 степени Целзиусови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

