15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во наредните денови се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, а максималните од 29 до 36 степени.
Во Скопје, утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе достигне до 18, а максималната до 36 степени.
Според прогнозата, во недела попладне се очекува изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. УХМР најавува дека во понеделник и вторник на повеќе места ќе има нестабилно време со пороен дожд, грмежи, како и можност за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден