28 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Франција ќе продолжи да ја засилува својата поддршка за Украина и да го зголемува притисокот врз Русија, со цел да се постигне прекин на огнот и да се отвори патот кон преговори за траен и праведен мир со целосно учество на Европа.
„Го потврдив ангажманот на Франција: ќе ја засилиме помошта за Украина и ќе го зголемиме притисокот врз Русија, која конечно треба да се согласи на прекин на огнот, со цел да се отвори простор за преговори што ќе доведат до цврст и траен мир, со целосно европско учество“, напиша Макрон на социјалната мрежа X, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Двајцата лидери ја истакнале клучната разлика меѓу Украина и Русија – дека Украина, и покрај војната, останува жива демократија и е решена да продолжи по својот европски пат. Во тој контекст, тие ја потврдиле важноста на борбата против корупцијата, која треба да се води од независни и целосно ефикасни институции.
Макрон додаде дека Франција и Украина разговарале и за зајакнување на билатералната соработка и се подготвуваат за иднината.
Бугарски аналитичар со остра анализа: С. Македонија работи против своите интереси
Пратеничка од Влен: „Беким Сали ќе биде премиер на Албанците во Македонија“
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

