20 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Пролетта во нашата земја и на северната хемисфера официјално започнува денес во 15:46 часот. Во исто време, на јужната хемисфера започнува есента.
Првиот ден од пролетта е 79-тиот ден во годината и ќе трае 12 часа и 8 минути. Сонцето изгреа во 05:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот.
Според календарот, пролетта ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни во 10:24 часот, кога започнува летото.
Според синоптичарите, денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер, повремено засилен, од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 3 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од север. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, додека максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

