02 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Оваа седмица С: Македонија ќе биде под влијание на топол бран со потекло од Африка, што ќе донесе стабилно и претежно сончево време, но и значителен пораст на температурите, со услови за локални попладневни нестабилности.
Според најавите од метеоролозите, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Но, во попладневните часови не се исклучува формирање на грмотевични облаци, кои на одделни места може да предизвикаат краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е да се појават и краткотрајни невремиња во одредени подрачја на земјата.
Температурите значително ќе пораснат, при што дневните вредности речиси насекаде ќе се движат околу 30°C, а на некои места ќе ги надминат. Во Повардарието се очекуваат максимални температури меѓу 36 и 37°C, додека во Скопје и околината ќе се искачуваат до околу 35–36°C.
Дополнителен ризик за граѓаните претставува високиот УВ индекс, кој оваа недела ќе биде во рамки на висока до многу висока вредност, со коефициент меѓу 7 и 8. Затоа, граѓаните се повикуваат на претпазливост при престој на отворено, особено во критичниот период од 11 до 17 часот, кога изложеноста на сончевите зраци е најинтензивна.
Метеоролозите препорачуваат соодветна хидратација, користење заштитни средства за кожа и ограничување на физички активности на отворено во најтоплите делови од денот.