01 јуни 2025
• од Гоце Кически
На 1 јуни, Неговото Високопреосвештенство, Пловдивскиот митрополит Николaj, оствари официјална средба со легендарниот фудбалер Христо Стоичков. Средбата се одржа во свечениот салон на Митрополитскиот дом во Пловдив.
На приемот присуствуваа и архимандрит Максим, епархиски духовен надзорник, како и архимандрит Петар, клирик на Пловдивската митрополија. Христо Стоичков беше придружуван од претседателот на Советот на Општина Пловдив, г. Атанас Узунов, и од заменик-претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, г. Радомир Чолаков.
Стоичков му подари на Владиката копија од престижната „Златна топка“ – трофејот кој го доби како најдобар фудбалер на Европа, со желба митрополитот Николaj да ја почувствува истата радост што ја почувствува и бугарската репрезентација во 1994 година, кога го освои четвртото место на Светското првенство во САД.
Митрополитот Николaj ја постави „Златната топка“ на почесно место во својот кабинет. Стоичков уште еднаш ја истакна својата преданост кон Пловдивскиот митрополит, кон светата Црква и кон православните верници, ветувајќи дека ќе помага во рамките на своите можности за развојот и благосостојбата на епархијата и народот.
Во знак на благодарност, митрополитот Николaj го благослови Христо Стоичков и му посака успех во сите народополезни иницијативи.