14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарските вооружени сили презеле сите неопходни мерки за заштита на националниот воздушен простор, изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков. Неговата изјава доаѓа по инцидентот со навлегување на дрон во романскиот воздушен простор за време на руски напад врз украинска инфраструктура во близина на границата.
„Има преземени мерки за заштита на нашиот воздушен простор, особено во североисточниот дел на земјата, што е дел од засилувањето на југоисточниот фронт на НАТО. Многу внимателно ја следиме ситуацијата, бидејќи мора да ја гарантираме безбедноста на цивилното воздухопловство“, нагласи Желјазков.
Тој додаде дека очекува и Руската Федерација да покаже внимателност и да избегне можни инциденти над Црното Море, каде што воздушниот сообраќај е особено интензивен.
Романското Министерство за одбрана претходно соопшти дека два авиони Ф-16 биле кренати во воздух поради нарушување на воздушниот простор на земјата од дрон. Инцидентот се случил во момент на руски напад врз украински цели во близина на романско-украинската граница.
Според министерот за одбрана Јонут Мостјану, пилотите биле на чекор да го соборат дронот, кој летал на многу мала височина, пред истиот да го напушти романскиот воздушен простор и да се врати кон Украина.
Инцидентот уште еднаш ја нагласува чувствителноста на регионот во контекст на војната во Украина и засилените активности на НАТО на источниот фронт. Бугарија, како членка на Алијансата, ја потврдува својата посветеност кон колективната безбедност и заштитата на сопственото небо.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден