Желјазков и Руте разговараа за потребата од заеднички напори за прекин на војната во Украина
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на средбата што се одржа во Тирана разговараа за неопходноста од заеднички напори за запирање на војната во Украина и поддршка на праведен и траен мир. Желјазков ова го соопшти преку објава на социјалните мрежи.
Во друга негова објава, тој информира дека Бугарија ја потврдила својата поддршка за европската иднина на Молдавија, како и за нејзините напори за спроведување реформи и приближување кон Европската Унија.
Овие разговори се одржале за време на неговата средба со претседателката на Молдавија, Маја Санду, која исто така престојува во Албанија за да учествува на лидерскиот самит во рамки на Европската политичка заедница.