11 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Двете големи меѓународни рејтинг-агенции S&P Global Ratings и Fitch Ratings го зголемија долгорочниот суверен кредитен рејтинг на Бугарија од „BBB“ на „BBB+“, како резултат на официјалната потврда дека земјата ќе стане членка на еврозоната од 1 јануари 2026 година. Овој рејтинг е највисок во рамки на средната инвестициона категорија.
На 8 јули, министрите за финансии на Европската унија дадоа зелено светло за приклучувањето на Бугарија во еврозоната. Со тоа, Бугарија ќе биде 21-та земја членка на ЕУ што ќе го прифати еврото како официјална валута.
Во своето соопштение, S&P посочува дека Бугарија ќе има корист од „сигурната монетарна политика на Европската централна банка (ЕЦБ) и од пристапот до капиталните пазари на еврозоната“. Агенцијата сепак предупредува дека политиките на ЕЦБ ќе бидат ориентирани кон поголемите економии како Германија и Франција, што може да ги засени интересите на помали земји како Бугарија – која и понатаму останува најсиромашната членка на ЕУ.
S&P ја истакнува стабилноста на секторите за услуги, особено туризмот и информациските технологии, како клучни во ублажувањето на негативните ефекти од трговскиот дефицит – Бугарија и понатаму увезува повеќе одошто извезува.
Дополнително, во јануари 2025 година, Бугарија стана полноправна членка на Шенген-зоната, со што се олесни патувањето без пасош во голем дел од Европа. S&P очекува дека членството во Шенген и еврозоната ќе го поттикнат растот на меѓународната трговија и туризмот.
Сепак, агенцијата предупредува дека евентуално зголемување на буџетскиот дефицит или премногу либерална фискална политика по влезот во еврозоната, како и политичка нестабилност, може да доведат до ревидирање на рејтингот во негативна насока. Проблеми како демографската криза, стареењето и намалувањето на населението, како и недоволната инфраструктура, остануваат значајни предизвици.
Паралелно, Fitch Ratings го потврди зголемувањето на долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија во странска валута на „BBB+“ со стабилна перспектива. Агенцијата исто така го гледа влезот во еврозоната како позитивен чекор – тој ќе овозможи бугарскиот долг да добие статус на резервна валута, ќе ја зајакне монетарната рамка, ќе ги намали трошоците за трансакции, ќе го елиминира девизниот ризик и ќе отвори нови можности за странско финансирање. Банките ќе имаат пристап и до ликвидносните механизми на ЕЦБ.
Според Fitch, се очекува реален раст на БДП од 2,8% во 2025 година, што е на исто ниво како и во 2024 година. Во 2026 година, прогнозата е за раст од 2,5%, со потенцијал за дополнително зголемување благодарение на членството во еврозоната.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден