07 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша нов пакет специјални санкции насочени кон Русија. Како што објави на својата официјална страница на Фејсбук, мерките опфаќаат ограничувања за финансиски шеми, вклучително и трансакции со криптовалути, кои Русија ги користи за финансирање на својата воена индустрија.
Санкциите, предложени од Народната банка на Украина, имаат за цел да ги блокираат алтернативните канали за финансирање што Москва ги користи откако многу од традиционалните финансиски патишта ѝ беа затворени. Според Зеленски, само преку една компанија која сега се најде на листата на санкционирани субјекти, Русија од почетокот на оваа година потрошила неколку милијарди долари за воени потреби.
„Секако, ќе ги запреме сите шеми“, истакна претседателот, додавајќи дека новите мерки се резултат на синхронизација со меѓународните партнери, со цел санкциите да имаат што поголем ефект.
Новите санкции опфаќаат 60 правни лица и 73 физички лица, сите руски државјани. Зеленски посочи дека ќе се работи со европските и други сојузници за да се координираат санкциите и да се зголеми нивната ефикасност.
„Ова не е лесна задача, бидејќи правилата за санкции се разликуваат во различни држави, но сите имаме заедничка цел – да ја натераме Русија да ја прекине војната и да го ограничи својот потенцијал колку што е можно повеќе“, изјави украинскиот лидер.
Зеленски додаде дека санкциите веќе сериозно го отежнуваат секојдневното функционирање на рускиот систем и ја лишуваат Русија од перспектива за иднината. Најави дека следната недела се подготвуваат дополнителни украински одлуки за целосно усогласување на украинските и европските санкциски режими.
„Сите европски пакети против Русија треба да се спроведат и во украинска јурисдикција, исто како што нашите санкции се применуваат во Европската Унија“, заклучи Зеленски.
СДСМ:Владата манипулира со бројките за извозот – економијата всушност назадува
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден