Вучиќ седи во последниот ред кај газдата Путин
Никола Сандуловиќ, претседателот на српската Републиканска партија, на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот прием на светските лидери во Москва, на која се гледа каде бил сместен српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на другите светски лидери.
„Еве колку вреди во реалната меѓународна политика српскиот луди диктатор Александар Вучиќ... Седи во последниот ред кај својот газда Путин, како и на сите други меѓународни значајни состаноци каде што се собираат претседатели на држави.
Само во Србија може со лаги, измислици и сопствени мистификации да се претставува како значајна политичка фигура на меѓународната сцена… На вакви собири секогаш се гледа што навистина мислат за него и како го третираат,“ напиша Сандуловиќ.
Вучиќ на воената парада на Црвениот плоштад
Да потсетиме, Вучиќ пристигна во Москва за денешната голема воена парада на Црвениот плоштад, со која се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот.
Вучиќ изјави дека неговата посета на Москва е важна поради конкретни и рационални причини, вклучувајќи прашања поврзани со енергетиката и билатералните односи. Сепак, според него, наместо разбирање од Западот, добива закани и обиди за заплашување.