22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Воени аналитичари предупредуваат дека Иран може да се сврти кон таканаречени „асиметрични“ методи, како што се сајбер-напади или терористички акции, како средство за одмазда против Соединетите Американски Држави, поради намалените воени капацитети на Исламската Република, предизвикани од неодамнешни израелски напади.
Националниот безбедносен аналитичар на CNN, Дејвид Сенгер, истакнува дека Исламската револуционерна гарда (IRGC) – елитна гранка на иранската војска која директно му одговара на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи – моментално се обидува да процени со какви воени средства сѐ уште располага.
„Мислам дека Револуционерната гарда се обидува да сфати кои способности ѝ остануваат,“ рече Сенгер. „Може да лансира ракети… Но во октомври, Израел уништи опрема која е неопходна за производство на ново цврсто гориво за тие ракети. Значи, секоја ракета што ја испалуваат е ресурс кој не можат лесно да го надоместат.“
Тој додаде дека токму поради тоа, Иран можеби ќе се сврти кон невообичаени, а често и тешко предвидливи мерки: „Мислам дека тие ќе бидат повнимателни и ќе се фокусираат на асиметрични можности – сајбер-напади, тероризам. Веројатно ќе бараат методи каде САД не можат да се заштитат со традиционални одбранбени мерки.“
Слично размислување има и пензионираниот генерал-мајор Џејмс „Спајдер“ Маркс, раководител на геополитичка стратегија во инвестиционата банка Academy Securities. Тој вели дека Израел „успеа значително да ја ослабне иранската способност за лансирање на нејзиниот импресивен арсенал на ракети.“
Сепак, според него, иако ослабена, Револуционерната гарда и понатаму располага со „значителен капацитет.“
„Тие имаат ресурси и влијание не само во регионот, туку и надвор од него. Светот е ранлив на места каде што IRGC има можност за асиметричко делување,“ рече Маркс.
Но тој уверува дека САД се свесни за овие ризици и активно работат на тоа да ги спречат пред да бидат реализирани: „Имаме шанса да бидеме чекор напред, пред било која од тие закани да стане реалност.“
Скопјанец повредил својата ќерка (4) при семејно насилство – предложен притвор
Как се случи операцијата „Midnight Hammer“ на САД врз иранските нуклеарни капацитети