08 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, нема да кандидира свои градоначалници во општини каде што коалициските партнери ЗНАМ и Вреди ќе настапат со сопствени кандидати. Оваа стратегија, потврдена од премиерот Христијан Мицкоски за „Слободен печат“, е дел од поширока политичка соработка со цел заемна поддршка уште во првиот изборен круг и максимизирање на шансите за победа.
Со оваа одлука, ВМРО-ДПМНЕ првпат нема да има свои кандидати во голем број општини со значителна политичка тежина, како Тетово, Струга, Гостивар, Куманово и Центар. Според информациите, во Куманово партијата ќе ја поддржи кандидатурата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, а во Центар ќе даде поддршка за кандидатот на ЗНАМ, кој сè уште не е официјално објавен. Меѓу имињата што се споменуваат се д-р Злате Мехмедовиќ и Мирослав Лабудовиќ.
Мицкоски нагласува дека преговорите со ЗНАМ и Вреди се одвиваат во конструктивна насока. Според договорот, партиите ќе настапат со посебни советнички листи, а ќе се воздржат од кандидирање сопствени имиња за градоначалници во општини каде што другите партнери имаат приоритет. Очекувањата се дека оваа стратегија ќе резултира со победа уште во првиот круг или обезбедување силни позиции за вториот круг.
Во делот на општините со доминантно албанско население, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи коалицијата Вреди. Според партиски извори, тоа ќе се случи во Тетово (со поддршка за Билал Касами), во Струга (за Менди Ќира) и во Гостивар (за Висар Адеми). Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ нема да настапи со кандидати ниту во Чаир, Сарај, Теарце, Врапчиште, Желино и Боговиње, каде што ќе се кандидираат луѓе од Вреди.
За возврат, ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од Вреди во скопските општини како Скопје, Бутел, Гази Баба, но и во Крушево, Ресен и Ѓорче Петров.
Партијата ЗНАМ, покрај Центар, се обидува да осигура кандидати и во уште неколку помали општини како Старо Нагоричане, Дојран, Валандово и Крушево. Во првиот круг, ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, а неофицијално ќе обезбеди и поддршка за кандидатите на Вреди, очекувајќи реципроцитет особено во Куманово. Во текот на неделава се очекува ЗНАМ јавно да го поддржи и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Мицкоски не пропушти да го нападне својот главен политички опонент – СДСМ, укажувајќи дека таа партија во последните 20 години не направила ништо суштинско и дека треба да биде поразена на изборите. Според него, оваа стратегија на здружени владини партнери е најдобриот начин за промени на локално ниво.
Од опозициската СДСМ веќе најавија дека нема да кандидираат градоначалници во неколку клучни општини како Тетово, Гостивар, Струга, Сарај, Чаир, Дебар и Желино. Се надеваат на поддршка од Европскиот или, како што сега се нарекува, Националниот фронт, во кој се обидуваат да го вклучат и делот од Алијанса на Албанците предводен од Арбен Таравари.
Локалните избори на 19 октомври ќе бидат силно одбележани од новите политички сојузништва. Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди да настапат со меѓусебна поддршка, наместо со конкуренција, е обид да се максимизира влијанието на централната власт и на локално ниво. Дали ваквата координација ќе донесе плодови, ќе покаже гласањето.
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден