01 јуни 2025
• од Гоце Кически
Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека извела голема специјална операција во која биле погодени над 40 руски стратешки бомбардери, вклучително и во арктичките и сибирските бази. Во соопштението објавено попладнево, СБУ изјави дека „непријателските стратешки бомбардери масовно горат во Русија“ и дека операцијата има за цел „уништување на непријателската бомбардерска авијација“.
Според украинските медиуми, операцијата, кодирана како „Пајажина“ (Павутина), била подготвувана една и пол година и ги таргетирала аеродромите Дјагилево (област Рјазан), Иваново (област Иваново), базата Белая во Иркутска област (во југоисточен Сибир, над 4.000 км од фронтот) и базата Олјенја во Мурманската област, околу 2.000 км од украинската граница.
Се верува дека операцијата вклучувала тајно пренесување на дронови во руската територија, нивно криење и потоа далечинско активирање.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат запалени тешки бомбардери на непозната локација. Сателитски снимки објавени неодамна покажуваат присуство на разни стратешки авиони на базите што наводно биле погодени, вклучувајќи Ту-95, Ту-22М3, Ту-160 и А-50.
Ту-95, Ту-22 и Ту-160 се руски тешки бомбардери што редовно се користат за ракетни напади врз Украина. Ту-22М3 може да носи крстаречки ракети Х-22 и Х-32, со брзина од 4.000 км/ч (над Мах 4). Ту-95 е најстар меѓу нив – советски авион првично наменет за носење нуклеарно оружје, а денес модифициран за крстаречки ракети. А-50 е авион за радарска детекција, способен за откривање системи за противвоздушна одбрана и водење на борбени авиони.
Во март, Украина соопшти дека развила нов тип на дрон со дострел до 3.000 километри, но не откри детали за типот или големината на боевата глава.
Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека одржува состанок со Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, Генералштабот и СБУ. „Сè правиме за да ја заштитиме нашата независност, држава и народ“, рече тој, додавајќи дека ќе бидат утврдени „задачи за блиска иднина“ и украинските позиции пред средбата во Истанбул в понеделник.
Украински и руски претставници треба да се сретнат во Истанбул на 2 јуни за вториот круг разговори меѓу двете страни. Зеленски нагласи дека за Киев апсолутен приоритет е безусловен прекин на огнот, ослободување на затворениците и враќање на украинските деца насилно депортирани од Русија.