08 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
До крајот на 2025 година, Украина очекува да ги отвори сите преговарачки поглавја поврзани со нејзиното пристапување кон Европската Унија. Ова го изјави Олга Стефанишина, вицепремиерка за европска и евроатлантска интеграција на Украина, пренесе новинската агенција „Укринформ“.
„Сите преговарачки патеки мора да бидат отворени до крајот на оваа година. Сега тоа е политичко прашање што бара преговори, обврски и координирана работа помеѓу парламентот и владата. Во моментов, речиси 4.000 лица се вклучени во преговарачките тимови во различни области, што ја потврдува сериозноста на процесот“, истакна Стефанишина.
Таа додаде дека актуелната дискусија се фокусира на утврдување на датумот за започнување на првиот клучен блок од преговори, што ќе претставува важно политичко решение.
Стефанишина посочи дека понатамошните чекори ќе се засноваат на технички одлуки. Со преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Данска на 1 јули, таа изрази уверување дека ќе биде гарантирано започнување на преговорите.
„Уверени сме дека до 1 јануари сите поглавја ќе бидат отворени“, рече таа, дополнувајќи дека отпочнувањето на преговорите не бара едногласна согласност од сите 27 земји членки на ЕУ.
„Во пракса од претходните години, не беше потребна едногласност за почеток на преговори. Денес ниту еден од основните документи на ЕУ не го бара тоа. Аргументот што го даде новоизбраниот полски лидер – дека ова е почеток на процесот, а не финално политичко решение – е целосно логичен“, нагласи Стефанишина.
Таа посочи дека обидите на Унгарија да го блокира отворањето на преговарачките кластери всушност биле поттик за пронаоѓање алтернативни решенија.
„Стана јасно дека ниту темелните договори на ЕУ, ниту резолуциите на Европскиот парламент или Европскиот совет не бараат едногласност за започнување преговори. Таа е потребна само при нивно завршување или за конкретни поглавја“, додаде таа.
Украинските преговори ќе опфатат околу 35 поглавја, кои се однесуваат на различни сектори – од земјоделски и правни стандарди до клучни елементи за функционирање на државата како потенцијална членка на Унијата.
„Ги исполнивме сите услови потребни за отворање на половина од преговарачките поглавја, почнувајќи со основите на членството во ЕУ. Подготвени сме во јули да ги отвориме сите три кластери или барем да започнеме со првиот, заедно со Молдавија“, заклучи Стефанишина.
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
СДСМ:Владата манипулира со бројките за извозот – економијата всушност назадува
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден