18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Белградската полиција уапси 55-годишен маж, идентификуван како Г. М., под сомнение дека утрово фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето – местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.
Според информациите на Telegraf.rs, инцидентот се случил околу 6 часот наутро во рамките на Музејот на 25 мај. Осомничениот се приближил до објектот држејќи запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали зградата. Потоа фрлил молотов коктел, по што дошло до пожар кој ја оштетил влезната врата на Куќата на цвеќето.
Обезбедувачот кој бил на дежурство веднаш реагирал, го совладал напаѓачот и повикал полиција. По интервенцијата, мажот бил уапсен и по наредба на обвинителството му е одреден притвор до 48 часа.
Неофицијално, за време на апсењето осомничениот изјавил дека сакал да го запали „усташкото дувло“.
Надлежните органи работат на расветлување на случајот, а истрагата ќе покаже кои биле мотивите на уапсениот и дали делувал самостојно.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден