23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска, остро реагираше на денешното однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, поради блокирањето на разгледувањето на Предлог-законот за настраданите од пожарот во Кочани.
Според Тренчевска, на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволиле точката за настраданите да биде прва на дневниот ред. Наместо тоа, како што тврди таа, истата била ставена дури под реден број 12, а седницата била прекината во моментот кога требало да започне расправата по оваа точка.
„Се покажа вистинското лице на ДПМНЕ! Без грам чувство кон настраданите и нивните семејства, Благица Ласовска, која претседаваше со Комисијата, ја прекина седницата само за да не се расправа за Законот. Тоа е безобразлук и немање основна почит кон луѓето кои поминаа низ трагедија“, истакна Тренчевска во својата објава.
Таа нагласи дека ваквото однесување е показател за, како што вели, ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност да покажат грижа за народот.
„Ете вака ДПМНЕ се грижи за настраданите и нивните семејства – со блокади, со игнорирање и со приоритет на сопствените интереси и бизниси“, додаде Тренчевска.
Седницата на Комисијата останува прекината, а семејствата од Кочани кои претрпеа загуби во неодамнешниот пожар сè уште чекаат институционална поддршка и решение.