СВЕТ

Трамп: Спречивме нова војна на Косово преку економска дипломатија

28 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Србија се подготвувала да започне вооружен судир со Косово, но дека Соединетите Американски Држави успеале да го спречат конфликтот преку економска дипломатија и трговски преговори.

„Србија беше подготвена да започне нова војна. Рекоа: ‘Ќе почнеме повторно војна.’ Планираа голем судир. Ние го спречивме тоа благодарение на трговијата“, изјави Трамп од Овалната соба.

Тој објасни дека Србија покажала интерес да го развие трговскиот однос со САД, но Вашингтон испратил јасна порака дека нема да соработува со земја што води војна. „Америка не тргува со земји што водат војна“, додаде Трамп.

Во истото обраќање, Трамп се осврна и на други меѓународни прашања. Тој рече дека одржува добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и изрази увереност дека потенцијален судир на Корејскиот Полуостров може да се избегне.

„Имам одлични односи со Ким. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Некои предвидуваат судир, но јас мислам дека ќе го решиме. А дури и да дојде до тоа, ние нема да бидеме вклучени“, порача американскиот претседател.

Трамп исто така се осврна на состојбата на Блискиот Исток, истакнувајќи дека се надева на брзо примирје меѓу Израел и Хамас. Според него, постои реална можност прекин на огнот да биде постигнат во рок од седум дена.

„Мислам дека сме блиску до договор. Разговарав со некои од вклучените страни. Убеден сум дека во следните седум дена може да се постигне прекин на огнот“, изјави Трамп.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени