29 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп привлече внимание со своите пофалби за Викторија Стармер, сопругата на британскиот премиер Кир Стармер, за време на официјалната средба на двајцата лидери во Тернбери, Шкотска.
Додека звукот на традиционалните шкотски гајди го надвладуваше разговорот, камерите уловија момент кога Трамп со насмевка изјави: „Сакаме да го усреќиме премиерот.“ Тој не застана тука – продолжи со зборови на восхит кон првата дама на Велика Британија.
„Таа е почитувана личност низ целите Соединети Американски Држави. Не знам што работи тој, но таа е многу почитувана, подеднакво почитувана како и тој. Не сакам да кажам повеќе, ќе влезам во неволја. Но, таа е прекрасна жена и многу е почитувана“, изјави Трамп, пренесува Express.
По кусата церемонијална размена и долг разговор на врвот од скалите, Трамп се сврте кон новинарите, додека гајдите продолжија да свират гласно. На новинарско прашање за евентуални царини на вискито, Трамп одговори со доза на хумор:
„Ќе разговараме за тоа, не знаев дека вискито е проблем. Не сум голем љубител на виски, но можеби треба да бидам.“
Средбата помеѓу двајцата државници опфати и сериозни теми како нелегалната миграција и тековната војна во Газа. Иако кратка, посетата помина во пријателски дух, со низа симболични и дипломатски гестови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден