12 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја осуди „радикалната левица“ по убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк, истакнувајќи дека конзервативците мора „целосно да ги поразат радикалните левичарски лудаци“.
Трамп зборуваше пред новинарите на јужниот тревник на Белата куќа, пред патувањето за Њујорк. Одговарајќи на прашање за неговата порака до конзервативците кои се чувствуваат нападнати, тој рече:
„Мора да бидеме храбри. Имаме голема земја, но постојат радикални левичарски лудаци кои мора целосно да ги победиме,“ пренесе Политико.
Сепак, претседателот нагласи дека одговорот мора да биде ненасилен, посочувајќи дека самиот Кирк бил силен застапник на ненасилство.
Чарли Кирк беше убиен на 31-годишна возраст за време на универзитетски настан во Орем, Јута. Нападот ја потресе американската јавност. Напаѓачот сè уште не е уапсен, а мотивот за убиството останува непознат.
Кирк често зборуваше дека неговите јавни настапи биле откажувани поради закани од „Антифа и екстремни левичарски активисти“.
По нападот, Трамп сними видео-порака во која го пофали Кирк и ја обвини „радикалната левица“ за неговата смрт. Тој предупреди дека агресивната реторика кон конзервативците, според која тие биле споредувани со „нацисти и масовни убијци“, создава услови за насилство.
„Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што денес го гледаме во нашата земја,“ истакна претседателот.
Трамп најави дека администрацијата ќе идентификува организации кои, според него, финансирале и поддржувале политичко насилство. Како примери посочи обид за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија, нападите врз имиграциски агенти, убиството на извршниот директор на „Јунајтед Хелткер“ Брајан Томпсон и пукањето во 2017 година во кое беше ранет конгресменот Стив Скалиес.
„Имаме група радикални левичарски лудаци. Апсолутни лудаци. И ќе го решиме тој проблем,“ додаде Трамп.
Претседателот објави дека истрагата за убиството на Кирк брзо напредува и најави дека на коментаторот постхумно ќе му биде доделен Претседателски медал на слободата – највисокото цивилно признание во САД.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден