13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение кон рускиот лидер Владимир Путин е „на изчерпување“ поради недостатокот на напредок во решавањето на конфликтот во Украина.
Во интервју за Fox News, Трамп изрази разочарување од „бавниот процес“ на преговорите и од отсуството на конкретни резултати. „Моето трпение во однос на Путин се изчерпува, и тоа брзо,“ порача тој.
Коментарот доаѓа по инцидентот од 10 септември, кога околу дваесет руски дрона навлегоа во воздушниот простор на НАТО над Полска. Додека Трамп првично сугерираше дека тоа можеби било „по грешка“, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски категорично одговори: „Не, тоа не беше грешка.“ Москва ги негира обвинувањата и ги нарече „безпочвени“.
„Нема да бранам никого,“ додаде Трамп во дистанцираната полемика со европските лидери, кои едногласно го осудија инцидентот. „Тие (дроновите) така или инаку не требаше да бидат таму.“
Претседателот Трамп периодично најавуваше рокови за завршување на војната во Украина или за воведување на строги санкции против Русија. Сепак, освен повисоки царини кон Индија поради купување руска нафта, досега не беа воведени сериозни мерки.
Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа во Истанбул, но се практично прекинати. Единствен напредок беше постигнат во однос на размена на военопленици и телата на загинатите.
Специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кеит Келог, ја посети Киев, но без официјални информации за целта на разговорите. Во меѓувреме, Вашингтон остро ја предупреди Словачка и Унгарија да прекинат со купување руски енергенси и со тоа да го финансираат воениот апарат на Кремљ.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден