06 септември 2025
• од Гоце Кически
Со нова извршна наредба, американскиот претседател Доналд Трамп го најави враќањето на историското име „Министерство за војна“ (Department of War) наместо досегашното „Министерство за одбрана“. Наредбата е симбол на враќање кон корените на силната американска традиција и демонстрација на принципот „мир преку сила“, кој со децении е темел на американската и западната безбедносна стратегија.
Претседателот потсети дека уште во 1789 година, првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон, го потпиша законот со кој беше формирано Министерството за војна. Под тоа име, САД ги добија најголемите победи во историјата — војната од 1812 година, Првата и Втората светска војна. „Токму тоа име ја будеше довербата кај граѓаните и стравопочит кај противниците. Тоа име е симбол на сила, решителност и спремност да се одбрани и прошири слободата,“ се наведува во објаснувањето на Трамп.
Со наредбата, сегашниот секретар за одбрана ќе може официјално да се нарекува и „Секретар за војна“, а институцијата во церемонијален и јавен контекст ќе се обраќа со новото/старо име. Во рок од 60 дена, Трамп очекува препораки за целосна и трајна промена на називот, вклучително и законски измени.
Враќањето на историското име има силна симболика за Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО. Тоа е порака дека Америка останува непоколеблив гарант на безбедноста во светот, подготвена да се спротивстави на секој авторитарен или агресивен режим. Со јасна и директна терминологија, САД испраќаат сигнал дека силата и решителноста остануваат најважниот фактор за заштита на демократијата и слободата.
Иако името „Министерство за одбрана“ во изминатите децении се користеше за дипломатски и институционални цели, новата одлука го нагласува фактот дека вистинската одбрана понекогаш бара офанзивна моќ. Западните партнери веќе го поздравија потегот како потсетник дека НАТО не е само одбранбен сојуз, туку и колективна сила која обезбедува глобална стабилност.
Со оваа промена, администрацијата на Трамп испраќа порака дека Америка не се плаши да ја покаже својата воена надмоќ. „Нашата решителност е јасна: мирот се обезбедува со сила, а слободата се брани со храброст,“ стои во завршниот дел од извршната наредба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден