14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати писмо до земјите членки на НАТО во кое бара тие да прекинат со купување руска нафта и да воведат сериозни санкции против Русија со цел ставање крај на војната во Украина, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Во објава на социјалните мрежи, Трамп нагласи дека е подготвен да воведе дополнителни санкции кон Москва, но само доколку сите земји од НАТО постигнат заеднички договор и престанат со увоз на руска нафта.
Трамп предложи НАТО, како група, да воведе тарифи од 50% до 100% врз кинеските производи, со цел да се ослаби економската поддршка која Кина индиректно ѝ ја дава на Русија. Оваа изјава следи по неговите претходни предупредувања дека ќе воведе секундарни санкции кон земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, како што се Кина и Индија.
Американскиот претседател веќе воведе дополнителни 25% тарифи врз индиски производи, оправдувајќи ја мерката со тоа што Индија продолжува да увезува руска нафта. Сепак, слични чекори сè уште не се преземени против Кина.
Според истражувачкиот центар CREA, Кина останува најголемиот купувач на руска нафта со 47% од вкупниот извоз, следена од Индија со 38%, Европската унија со 6% и Турција со 6%.
Иако е членка на НАТО, Турција е најголемиот купувач на руски нафтени деривати, со удел од 26% според податоците на CREA. „Ројтерс“ објави дека најголемата турска рафинерија Tupras продолжила со купување на руска нафта во пролетта, иако претходно една година се воздржувала поради американски санкции.
Порталот Energy Intelligence информира дека Турција во јуни купувала повеќе од 300.000 барели руска нафта дневно.
По руската инвазија врз Украина, Европа го намали увозот на руска нафта за 90%. Сепак, некои земји членки на НАТО, како Унгарија и Словачка, продолжуваат да ја добиваат преку нафтоводот „Дружба“.
„Ројтерс“ наведува дека Будимпешта и Братислава заедно увезуваат меѓу 200.000 и 300.000 барели руска нафта дневно, што претставува околу 3% од вкупните потреби на Европската унија.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден