15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека без неговото присуство во Белата куќа, рускиот претседател Владимир Путин ќе ја преземеше контролата врз цела Украина.
Изјавата дојде во четврток, откако новинар го праша дали Путин „ќе има силна позиција утре“, имајќи предвид дека рускиот лидер ќе патува во Алјаска. Трамп го опиша тоа патување како „голема победа за него“ според одредени набљудувачи, но додаде дека ваквата интерпретација е невообичаена, бидејќи обично предноста ја има домаќинот, а не гостот.
Трамп повтори дека верува оти Путин „би сакал да постигне договор“, но нагласи дека без неговото претседателство, Русија би се обидела целосно да ја завземе Украина. Тој подвлече дека под негово водство Путин „нема да се игра“, претставувајќи го своето присуство во Белата куќа како пречка за амбициите на Москва.
Претседателот на САД дури предвиде дека Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можеле да постигнат мир. „Ќе видиме дали ќе се разберат. Ако успеат, тоа ќе биде одлично... Мислев дека оваа војна ќе биде најлесна за решавање, но всушност е најтешката“, изјави Трамп на прес-конференција.
Тој најави дека потенцијална втора средба меѓу лидерите би била поважна од утрешната во Алјаска, и откри дека на неа би можеле да присуствуваат и Путин, и Зеленски, како и некои европски лидери.
Трамп предупреди дека ќе има „многу тешки последици“ доколку Путин не се согласи да ја прекине војната против Украина по нивната средба на самитот во Алјаска подоцна оваа недела.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден