Топ 5 најдобри градови за пешачење во Европа
Заглавени во сообраќај, во дим од издувни гасови, во стрес од бучава – ова е реалноста за милиони луѓе во европските градови, па и кај нас. Но, некаде низ светот постојат места каде пешачењето не е само возможно, туку и се охрабрува, а пешаците се ставени на прво место.
Според рангирањето на порталот Compare the Market AU, најдобрите градови во светот за пешачење се анализирани според неколку фактори:
🚶♂️ бројот на пешачки премини
🚲 велосипедски патеки
🛡️ ниво на безбедност
🚏 цена и достапност на јавниот превоз
🌳 бројот на зони без автомобили
☔ количина на врнежи
На врвот на оваа листа се најдоа токму европските градови – еве ги топ 5-те за кои секој пешак би сонувал:
🥇 1. Минхен, Германија
Во срцето на Баварија, Минхен е прогласен за најпогоден град за пешачење. Зошто? Затоа што:
- Има стотици километри велосипедски патеки
- 86% од жителите живеат во рамките на 1 километар од зона без автомобили
- Има четврта највисока оценка за безбедност во светот
- Втор по достапност до здравствени и образовни установи (85% од населението)
🥈 2. Милано, Италија
Градот на модата, но и на удобното пешачење:
- 80% од луѓето живеат блиску до здравствени и образовни услуги
- Урбаната структура го прави компактно место за движење без автомобил
🥉 3. Варшава, Полска
Главниот град на Полска се истакнува со:
- Компактен градски распоред
- Многу функционален и евтин јавен превоз (билет под 1 евро)
🏅 4. Хелсинки, Финска
Град каде јавниот превоз и велосипедските патеки функционираат одлично, а пешачењето е нормален дел од секојдневието.
🏅 5. Париз, Франција
И покрај големината, Париз има добро организиран јавен превоз и функционални велосипедски линии, кои го прават погоден за долги прошетки.
⭐ Други градови кои заслужуваат пофалба: Сиднеј, Токио и Њујорк (највисоко рангираниот американски град).
Додека нашите улици во Скопје сè уште се борат со недостаток на пешачки премини и велосипедски патеки, овие европски примери покажуваат дека со добра урбана политика и план – градот може да стане пријателски настроен кон пешаците.