19 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Најмалку 39 лица загинаа, а 123 се повредени во тешка железничка несреќа во јужна Шпанија. Од повредените, пет се во многу тешка состојба, а 24 имаат сериозни повреди.
Несреќата се случила вечерта на 18 јануари, кога брз воз што патувал од Малага кон Мадрид излетал од шините кај градот Адамус. Возот влегол на спротивниот колосек и се судрил со друг воз што доаѓал од спротивна насока. По судирот, и двата воза излетале од шините.
Властите соопштија дека ова е најтешката железничка несреќа во земјата во последните десет години. Министерот за транспорт изјави дека несреќата се случила на прав дел од целосно обновена пруга и дека возот бил речиси нов, што го прави настанот тешко објаснив.
Во првиот воз имало околу 300 патници. Многу од нив останале заглавени во извитканите вагони, што ја отежнало работата на спасувачките екипи. Дел од вагоните паднале на насип висок околу четири метри.
Очевидци раскажуваат дека сè се случило за миг. „Возот нагло застана, се изгаси светлото и луѓето беа фрлани наоколу. Имаше деца што плачеа и повредени насекаде“, изјави една патничка.
Железничкиот сообраќај со брзи возови меѓу Мадрид и неколку градови во јужна Шпанија е привремено прекинат.
Премиерот на Шпанија изрази длабока тага и сочувство до семејствата на жртвите. Сочувство упатија и кралот и кралицата, како и повеќе странски државници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

