01 март 2026
• од Тодор Вангелов
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија ќе преземе дополнителни одбранбени мерки поради нападите на Иран во регионот на Заливот. Тој повтори дека неговата земја не учествувала во нападите врз Иран, но нагласи дека иранските сили во последните денови извршиле напади врз повеќе држави кои не ги нападнале.
Според него, биле погодени аеродроми и хотели каде што престојуваат британски граѓани. Во регионот се наоѓаат најмалку 200.000 британски државјани, меѓу кои жители, туристи и лица во транзит. Премиерот ги повика сите да се пријават во британските претставништва и да ги следат советите за безбедност.
Стармер изјави дека и британските војници во регионот се изложени на ризик. Иран погодил воена база во Бахреин, при што британски војници биле во близина на ударот. Тој предупреди дека нападите стануваат сѐ поопасни и дека цивили се доведени во сериозна опасност.
Британски борбени авиони веќе учествуваат во одбранбени операции и пресретнале ирански ракети. Премиерот објасни дека станува збор за заштита, а не за приклучување кон офанзивни напади. Сепак, тој рече дека заканата може целосно да се запре само ако се уништат ракетите таму каде што се чуваат или од каде што се испукуваат.
Соединетите Американски Држави побарале дозвола да ги користат британските воени бази за ограничени одбранбени дејства со цел да се спречат нови ракетни напади. Британската влада ја прифатила оваа барање, со образложение дека тоа е неопходно за заштита на британските животи и на сојузничките земји.
Стармер нагласи дека одлуката е донесена според меѓународното право и принципот на колективна самоодбрана. Тој подвлече дека Велика Британија нема да се приклучи на офанзивни напади врз Иран, но ќе продолжи со одбранбени активности.
Дополнително, Британија ќе испрати свои стручњаци заедно со експерти од Украина за да им помогнат на земјите од регионот да соборуваат ирански беспилотни летала. Целта, според премиерот, е да се спречи понатамошна ескалација и да се заштитат невини луѓе.
Тој истакна дека најдобро решение е договор и преговори, при што Иран би се откажал од развој на нуклеарно оружје. Но додека траат нападите, британската влада ќе презема мерки за заштита на своите граѓани и интереси.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

