28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Британскиот премиер Кир Стармер остро ги осуди нападите на Иран врз соседните земји, откако Техеран возврати по воздушните удари извршени од страна на Израел и Соединетите Американски Држави во саботата наутро.
Во заедничка изјава со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, Стармер ја повика иранската влада да „побара преговарачко решение“ и да се воздржи од понатамошна ескалација.
Во соопштението се наведува дека Франција, Германија и Обединетото Кралство доследно го повикуваат иранскиот режим да стави крај на својата нуклеарна програма, да го ограничи балистичкиот ракетен програм, да се воздржи од дестабилизирачки активности во регионот и надвор од него, како и да го прекине, како што се наведува, „загрижувачкото насилство и репресија врз сопствениот народ“.
„Ние не учествувавме во овие напади, но сме во тесен контакт со нашите меѓународни партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, Израел и партнерите во регионот. Ја повторуваме нашата посветеност на регионалната стабилност и на заштитата на цивилниот живот“, се вели во соопштението.
Трите европски лидери воедно „најостро ги осудуваат иранските напади врз земјите во регионот“, нагласувајќи дека Иран мора да се воздржи од неселективни воени удари.
„Го повикуваме иранското раководство да побара преговарачко решение. На крајот, иранскиот народ мора да има можност сам да ја одреди својата иднина“, се додава во заедничката изјава.
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

